Со цел спроведување активности од областа на промоцијата и развојот на велосипедизмот, бараме нови доброволци кои би се приклучиле на нашата екипа, која изминатава деценија работеше неуморно и пред јавноста ги реализираше нештата како ВелоФест и Педала, како и ред настани низ земјата, но и помош и поддршка на активностите на НаТочак. Сега се впуштаме во нови авантури и потребни ни се нови доброволци со кои ќе оствариме нови нешта.

Бараме лица на кои точакот им е пасија; кои се љубопитни и сакаат да истражуваат; кои сакаат да пишуваат; кои се волни да научат нешто ново; и кои се мотивирани да направат нешто добро и корисно за заедницата и иднината на таа наша заедница.

Заинтересираните може да ни пратат порака преку социјалните медиуми instagram или facebook или на мејл: kontakt [at] inicijativi.org.mk.